Рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашањето на воен ветеран од Црвената армија од Втората светска војна, не ја исклучи можноста на Волгоград да му биде вратено старото име Сталинград, доколку локалното население тоа го сака.
– Според нашиот закон, тоа е во надлежност на регионот и општината. Во тој случај, жителите за тоа треба да одлучат на референдум. Како граѓаните ќе одлучат, така ќе направиме – рече Путин, кој вчера присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Денот Д во Нормандија.
Сталинградската битка е водена меѓу германскиот Вермахт и советската Црвена армија од јули 1942 до февруари 1943 година, и претставуваше пресвртница во Втората светска војна, после која Советите прејдоа во офанзива, која заврши со освојување на Берлин во 1945 година.
На градот името е сменето во 1961 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



