Пациентка од Кочани нападнала лекар во хирушкото одделение. Неофицијално, како што пренесува Канал 77, причина за инцидентот бил презакажан термин за операција, за што пациентката била доцна информирана.
-Тоа предизвикало револт кај жената која бесот го истурила на штипскиот лекар. Била повикана и Полиција. Порпарлот на СВР Штип, Гордана Панајотова, вели дека има пријава за напад, но вербален, не физички – објави Канал 77.
Од штипската болница, не демантираат дека дошло до некаков инцидент, но велат дека со информации ќе излезат во понеделник откако детално ќе го испитаат случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



