
Скопје 1972 – 2014. Група американци се присетуваат на тогашниот лик на градот, кога пред повеќе од 4 децении за првпат го посетиле при средношколска размена од Македонија и Темпи, Аризона. Велат дека сликата која ја паметат од тогашното Скопје е целсно променета.
“Се разбира најголемите проемни беа во псоледните 3 – 4 години во центарот на градот. Се обидувам да се навикнам на промените. Сега во центарот има толку многу да се види.”
“Различно е. Зградите, реката, кога шетам се обвидивам да се сетам како изгледаше тогаш. Морам да погледнам фотографии”.
“Го видов Водно, го видов крстот, ги видов скалите на реката, но спомениците беа нови за мене, работите многу се смениле овде”.
Според скопскиот градоначалник, збртимувањето на Скопје со пријателскиот град Темпи одличен пример за останатите градови од Балканот и од САД да се поврзат и да ја подобрат економската и социјалната клима. Балканаската конференција на збратимени градови ќе допринесе и во продлабочување на економските врски. Скопје во изминатите години има изградено богата меѓународна соработка со 18 градови, но негува контакти и со многу други градови од целиот свет.
(Алфа)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


