
Исчезнатиот 84 годишен битолчанец Стеван Јовчевски попладнево е пронајден во селото Ивањевци. Пренесен е на клиниката во Битола заради рутински медицински преглед. Инаку тој последен пат бил виден на улица Солунска во Битола. Неколку дена по него трагаа членовите на неговото семејство, а ја известија и полицијата и јавноста преку медиумите за да помогнат во неговото пронаоѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


