| четврток, 6 декември 2018 |

Немал пари да го регистрира аудито, си ставил таблички од опел

audi

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д.(29) од с.Клечовце, кумановско, за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Пријавениот, на 11  февруари годинава од лице од Скопје купил патничко возило „ауди“ но бидејќи немал пари да го регистрира пријавениот на возилото вметнал регистерски таблички, кои припаѓаат на патничко возило „опел омега“ сопственост на лице од Куманово, кој возилото го оставил кај пријавениот на поправка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top