
Купена автобуска карта од Скопје до Битола, но наместо седиште, како што е редот, патниците добиле простор за стоење. Автобусот бил преполн, па дел од патниците стоеле меѓу седиштата.
-Имам купено карта од вчера. Но со уште десетина други стев исправена од Скопје до Битола. Стигнавме во Велес, каде се каќија уште десет луше, со или без карти. И така останавме до битола. Навистина не ми е јасно што прават од „Транскоп“. Дали вооопшто им е важна безбедноста на патниците? Ова постојано се повторува – реагира револтирана патничка, која направи и фотографија од патниците кои стоејќи го поминале патот до Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


