| четврток, 6 декември 2018 |

Смелост за компромис со Грција, Заев да се врати во Собранието

goran-kol-28-ali-ahmeti

Треба да се покаже смелост за да се најде компромис со Грција, кој може да се изнајде, изјавил Али Ахмети, лидерот на ДУИ по повторниот избор за лидер на партијата.

„Ние цениме дека е важно меѓународната заедница да се ангажира за да се најде крајно решение. Со тоа за Македонија се отвора можноста за членство во НАТО и ЕУ кои ќе бидат наш покрив. Нема друга алтернатива“, рече Ахмети.

Тој исто така побара Зоран Заев, лидерот на СДСМ, да не ја бојкотира работата на Собранието.

„Можеби Заев ќе рече дека оваа моја констатација е тенденциозна, но сакам да напоменам дека и јас сум ја искусил оваа ситуација кога ДУИ беше во опозиција од 2006 до 2008 година. Ние не се откажавме од нашите заложби и победивме на избори. Затоа апелираме, ако имаат забелешка за слободата на медиуми или спроведувањето закони, нека се залагаат за разрешување на овие проблеми директно во Собранието“, рече Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top