| четврток, 6 декември 2018 |

Според Обама, Путин мора да ја признае украинската власт

barak-obama-vladimir-putin-1354923132-238819Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин мора да ја признае новата украинска влада и да соработува со неа, да прекине со „провокации“ долж границата или ќе се соочи со поостри санкции од Г-7.

– Ќе имаме можност да видиме што Путин ќе направи во следните две, три или четири недели, и доколку остане на сегашниот курс, веќе најавивме акции кои сме подготвени да ги спроведеме, изјави Обама на прес-конференција по завршувањето на состанокот на седумте најразвиени држави во светот.

Обама додаде и дека повеќе би сакал Франција да биде воздржана по прашањето за продажба на хеликоптери на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top