| четврток, 6 декември 2018 |

Пита од темна чоколада

pita

Ова е рецепт за совршена пита од темна чоколада. Убаво се сече, совршено оди со сладолед или со шлаг, а, пак, кога ќе се прелее со врел сос од шумско овошје – совршенство!

Состојки за тестото:

250 грама брашно

125 грама путер

50 грама шеќер

1 жолчка

1 лажица јогурт или кисело млеко

Кора од рендан лимон

Состојки за филот:

140 грама путер

150 темнa чоколадa за готвење

8 лажици какао во прав

Цимет

4 јајца

200 грама шеќер

1 пакетче ванилин шеќер

3 лажици мед

3 лажици павлака за готвење

Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Од сите состојки се замесува тесто, кое потоа се замотува во проѕирна фолија и се остава во фрижидер половина час. Потоа тестото се развлекува и се става во калап. Пред да го ставите да се пече, со виљушка боцнете го неколку пати. Печете го 15 минути. Потоа извадете го да се олади, а температурата во рерната намалете ја на 150 степени.

Подготовка на филот: На пареа растопете ги чоколадата, путерот и какаото и оставете смесата да се олади. Посебно изматете ги јајцата со шеќерот, потоа додајте ги медот и павлаката за готвење, па сето тоа соединете го со чоколадата. Исипете го филот врз печеното тесто и печете уште 40 минути на 150 степени.

Оваа пита се јаде ладна. Може да ја сервирате со шлаг и со врел сос од шумско овошје. Сосот од овошје може да го направите од мармалад во кој ќе додадете малку вода и потоа мешајќи ќе го стоплите.

Уживајте во вкусната храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top