Врховниот совет на самопрогласената Донецка Народна Република упати апел за помош до сонародниците во странство поради хуманитарната катастрофа во овој регион, која се очекува по воената операција на украинските безбедносни сили.
– Во овој момент за сите жители во областа на јагленокопот на Донецк и за сите граѓани на Донецката Народна Република каде што стотици недолжни луѓе умираат, клучно е дека минуваме низ хуманитарна катастрофа и затоа им се обраќаме на нашите сонародници со надеж дека ќе добиеме одговор од длабочината на нивните срца – се наведува во пораката.
Во апелот се објаснува дека „сонародници се сите граѓани на Русија, сите Руси по националност, Украинци кои себеси се гледаат како дел од рускиот свет и руската цивилизација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.