| четврток, 6 декември 2018 |

Таа има четири деца! Наталија Водијанова позираше гола со новородениот син

gola-mama-foto-instagram-1401969642-510037

Манекенката Наталија Водијанова, се фрли на позирање, само еден месец по раѓањето на својот син Максим. Фотографијата ја посвети на својот сопруг, милионерот Антони Арнаулт, по повод неговиот роденден и напишала: „Среќен роденден драги, од Паоло, Максим и мене. Те сакам“.

Еден час подоцна открила дека под Паоло, мислела на Паоло Роверси, италијанскиот моден фотограф, кој очигледно ги сликал мајката и детето. Нејзиниот син Максим, е четврто дете на занесната убавица и прво заедничко со Антони Арнаулт. Останатите три деца, 12 годишниот син Лукас, осумгодишната Нева и шестгодишниот Виктор, ги има со својот бивш маж, Џастин Портман, од кој се разведе во 2011 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top