| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев: Поддршката на Г-7 за Украина е цинизам без граници

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев изјави денеска дека поддршката на Г-7 на укринските воени операции против вооружените проруски сили е „цинизам без граници“.

Dmitry Medvedev

– Т.н. Г-7 дури зборува за мерките на украинската војска против сопствениот народ – рече Медведев.

Тој соопштението на властите во Киев дека нема укриански бегалци во Русија го означи како „лага“, јави ИТАР – ТАСС.

– Околу три илјади луѓе пристигнуваат секој ден само во ростовската област. Таму никогаш немало ситуација слична на оваа, рече рускиот премиер и додаде дека го повикал гувернерот на ростовската област поради ова прашање. Медведев нагласи дека гувернерот му одговорил дека станува збор претежно за жени и деца.

Рускиот премиер истакна дека околу четири илјади украински државјани побарале од Русија да добијат статус на бегалци.

– Тоа е ситуација без преседан – заклучи Медведев.

Во Брисел вчера почна дводневен самит на лидери на групата седум седум најразвиени земји во светот – Г-7, која ја сочинуваат САД, Германија, Јапонија, Франција, Велика Британија, Канада и Италија. На самитот прв пат во изминатите 17 години не беше поканета Русија.

Главна тема на самитот е украинската криза и односите со Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top