Грчкиот Фонд за приватизација на државниот имот (ТАИПЕД) ги нуди на долгогодишен закуп некои од најдобрите плажи на островите Родос, Елафонисос, Симос и Саракинос, но и плажи на Халкидики и во близина на Солун. Како што пишува Дневник, приватизацијата на плажите би значела дека нивните закупувачи ќе имаат право да им наплаќаат влез на посетителите.
Според огласите објавени на интернет-страницата на ТАИПЕД, на распродажба се ставени плажата во Аспровалта, „Агиос Јоанис“ на Ситонија, како и плажата „Агија Тријада“ во близина на Солун. Меѓу понудените локации се и две плажи на островот Елафонисос во близина на Пелопонез, како и неколку на островите Симос и Саракинос. Наведените плажи се под заштита на Европската унија поради уникатниот жив свет и околината. На потенцијалните закупувачи им се нудат и плажата „Афанту“ на островот Родос, како и „Термисија“ на Ермиони во близина на Пелопонез.
Идните закупувачи ќе ги добијат овие плажи во следните 50 години и ќе имаат право да наплаќаат влез, да изградат сместувачки и угостителски објекти, како и да ги уредат според сопствена волја. Грчките медиуми јавуваат дека токму на овој дел најмногу се бунат грчките организации за заштита на животната средина и граѓаните на Грција. Тие сметаат дека со приватизацијата на плажите ќе се уништи морскиот брег, а посетителите и туристите ќе бидат обесправени бидејќи закупците ќе имаат ексклузивно право да го ограничат пристапот до нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



