| четврток, 6 декември 2018 |

Катастарот обезбеди средства за реализација на неколку стратегиски проекти

katastar

Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги реализира проектите за воспоставување Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП), Регистар на цени и закупнини (масовна проценка) и Графички регистар на улици и куќни броеви со средства обезбедени преку Шведската агенција за меѓународен развој.

За таа цел директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и директорите на агенциите за катастар од земјите од Западен Балкан потпишаа договор со Шведската агенција за меѓународен развој  за грант во висина од 4,2 милиони евра.

katastar
Договорот, како што соопшти денеска Агенцијата за катастар, бил потпишан во Тирана – Албанија, во рамки на шестата регионална конференција за катастар и земјишна администрација.

Средствата се наменети за шесте држави од Западен Балкан, Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија, Косово и Албанија. Засега не е прецизирано која држава колку средства треба да добие, а тоа ќе зависи од подготвеноста на катастрите со проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top