| четврток, 6 декември 2018 |

Трет конгрес на ДУИ, ќе се избираат претседател и Централен одбор

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово ќе го одржи третиот изборен конгрес, на кој 675 делегати ќе изберат претседател и Централен одбор на партијата, а ќе бидат усвоени и партискиот статут и програмата.

dui-460x272

Според генералниот секретар на ДУИ, Абдулаќим Адеми, засега има еден кандидат за претседател на ДУИ, но не се исклучува можноста денеска на конгресот од страна на делегатите да биде предложен некој друг бидејќи тие ја имаат таа можност според статутот и деловникот.

Адеми вчера најави дека по денешниот конгрес на ДУИ за неколку месеци ќе се одржи уште еден на кој тематски ќе се расправа за политиките и стратегиските цели на ДУИ, Албанците и државата.

– Конгресот што утре ќе се одржи во Тетово е трет по ред. Тоа ќе биде изборен конгрес на кој ќе бидат избрани претседателот и Централниот одбор на ДУИ, а ќе бидат усвоени и статутот и програмата на партијата. За неколку месеци ќе имаме четврти конгрес што ќе биде тематски и на кој ќе се разговара за политиките, стратешките цели на ДУИ, Албанците и на државата. Утре ќе биде работен конгрес, а за неколку месеци следниот конгрес ќе биде тематски – изјави Адеми.

Тој најави и зголемување на бројот на членовите во две партиски тела, Централниот одбор и Централното претседателство на ДУИ.

– Од Конгресот се очекува да се зголеми бројот на членовите на Централниот одбор на ДУИ од 75 на 81 член, а ќе се зголеми и бројот на членовите во Централното претседателство од 21 на 33 – рече Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top