| четврток, 6 декември 2018 |

Ристановски: Во средно бегав од прозорец, трипати паднав на приемен

Никола Ристановски

Никола Ристановски

– Во средно училиште бегав низ прозорец зашто не сакав да седам на здодевни часови. За среќа, одев во драмска секција зашто мислев дека тоа ќе биде покорисно за мене, за мојот развој иако не знаев кон што се движам. Знаев дека нема да изберам пристојна професија, како што е архитектурата. Професорката Нада Гешоска еден ден ми дојде и ми рече да учествувам на натпревар што се одржа во Хрватското народно казалиште во Осиек, каде што се претставивме со „Злосторство и казна“. Достоевски ми беше омилен автор и така остана. Ја добивме главната награда што ни ја додели жирито што го предводеше големиот актер Фабијан Шоваговиќ, кој мислеше дека ние сме професионалци. Од тој настан некако суетата почна да ми се храни и во наредните години не им беше проблем да ме убедат дека треба да се запишам на академија – им раскажуваше актерот Никола Ристановски на тие што решија да пијат чај со него во фоајето на новиот МНТ.

Денеска важи за еден од најдобрите македонски актери. Но не бил лесен патот да сигне до тука. Трипати одбиен на приемен испит на Факултетот за драмски уметности, каде што паднал и во првата година, за уште од студии да биде повикан во Македонскиот народен театар да игра како замена и оттогаш да не престане да плени. Никола Ристановски без сомнеж е најдобрата актерска појава во последните две децении во Македонија. Непретенциозен уште од средношколски денови дека може да биде актер, верувал во себе и бил пресреќен во сите години на студии зашто успеал да влезе во тоа друштво.

Целата приказна за Ристановски во Дневник

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top