Грчкиот парламент го укина денеска имунитетот на лидерот на грчката ултра-десничарска партија Златна зора Никос Михалолиакос, со што се овозможува започнување кривична истрага против него, пренесува МИА грчки медиуми.
Сите, освен еден од 224 присутни пратеници на седницата на грчкиот Парламент гласаа за одземање на пратеничкиот имунитет на Михалолиакос и уште двајца пратеници Христос Папас и Јанис Лагос.
Истовремено со одржувањето на седницата, пред Парламентот протестираа приврзаници на Златна зора.
Михалолиакос и уште пет пратеници од редовите на Златна зора пред неколку месеци се уапсени под обвинение за водење криминална организација во рамките на истрагата против партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Исклучените од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


