
Поранешниот партнер ве мачи во сон… Нема потреба од грижа. Научниците докажаа дека многу почеста е појавата да ги сонувате поранешните партнери отколку сегашните. Според нив повеќето не се подготвени да му го раскажат сонот за поранешниот партнер на сегашниот партнер.
Ако сте исплашени дека сонот за поранешниот партнер всушност претставува наговестување дека сакате да го изневерите сегашниот партнер, терапевтите тврдат дека тоа не е вистина. Ова само претставува можност да можете да имате чувства кон другите луѓе.
Причината поради која во сонот ви доаѓа поранешниот партнер е можеби чувството на грижа на совест на кој начин врската се завршила или можеби желба да ги решите работите од минатото.
Сепак, ако овие сонови ви се случуваат премногу често, тогаш можеби проблемот е во сегашната врска. Можеби не сте во целост среќни и задоволни?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


