| четврток, 6 декември 2018 |

Папагали, комарци и јапонската трска ја чинат Европа 12 милијарди евра годишно

Животните и растенијата донесени во Европа од другите делови на светот претставуваат голема опасност за здравјето и животната средина. Борбата со нив чини 12 милијарди годишно, покажува најновата студија

Европската агенција за животна средина со живописна фасада

Европската агенција за животна средина со живописна фасада

Европа е нов дом на над 10 илјади „странски“ видови. Тргнувајќи од азискиот тигрест комарец до американската плевел, чиј што полен претставува мака за астматичарите, дури 1500 видови се познати штетници, вели Европската Агенција за животна средина (ЕЕА).

Азискиот тигрест комарец е виновник за ширење на болести

Азискиот тигрест комарец е виновник за ширење на болести

Во многу случаи еко-системите слабеат заради загадувањето, климатските промени и фрагментацијата. Инвазијата од туѓи видови сега се растечки притисок за природата, што пак е екстремно тешко да се врати назад, вели Жаклин Мекглејд, директор на ЕЕА.

Во обемната студија се вели дека напреднувањето во новиот европски дом, на пример на тигрестите папагалчиња од Африка или водениот зумбул од Амазон, ја чинат Европа најмалку 12 милијарди евра годишно. Овој број дури е и мал имајќи предвид дека во студијата се испуштени влијанијата на многу видови, на пример на тропската алга- убиец во Средоземното Море.

Речниот зумбул од Амазон

Речниот зумбул од Амазон

Европа има најголема база на податоци за овој проблем кој што се влошува во светот заради патувањата, трговијата и климатските промени. Проблемот ескалира последните 100 години, а како пример е наведено носењето на европскиот зајак во Австралија. ЕЕА побара поголемо внимание на спречување на доаѓањето на несакани видови и подобар систем за рано предупредување за да се одвои доброто од лошото. Многу донесени видови, како компирите од Јужна Америка, донесоа огромни бенефиции, додаваат од Агенцијата.

Јапонската трска расте 30 см дневно

Јапонската трска расте 30 см дневно

Во студијата, се предупредува на подобра оценка на брзорастечките видови пред тие да се користат како култури за биогориво. На пример како јапонската трска, која може да расте 30 сантиметри на ден, но со фрлањето сенка им се заканува на „домашните“ побавно растечките растенија кои што не добиваат доволно сончева светлина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top