– Освен што на компаниите им нудиме најдобра цена и најдобри услови продолжуваме со нови поволности кои на нашите клиенти не само што ќе им обезбедат сигурно снабдување и вистинска поддршка, туку истовремено и можности за долгорочен и стабилен развој. Енергетскиот менаџмент е нов концепт во Македонија кој веќе се применува во светот – истакна Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.
Анализите на стручните тимови на „ЕВН Снабдување“ покажаа дека во следната фаза од процесот на либерализација, малите и средните компании ќе добијат пониска цена на електричната енергија. „ЕВН Снабдување“ веќе подготвува посебни пакети на услуги кои освен пониска цена на струјата ќе содржат и евтини тарифи за потрошувачите.
Компанијата располага со стручен тим, кои овозможуваат навремена и стручна услуга, како и експертиза што на компаниите им овозможува стабилен развој на нивните бизниси. ЕВН на македонскиот енергетски пазар има формирано и две балансни групи, една на слободниот и една на регулираниот пазар, што на компаниите им овозможува дополнителна стабилност.
„ЕВН Снабдување“ е членка на „ЕВН Групацијата“ која има околу 8000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји. Искуството и знаењето од работење на либерализиран пазар на групацијата, и’ овозможи на „ЕВН Снабдување“ огромна поддршка во креирањето на најдобри понуди на македонскиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.