Лидерите на Барселона на големо работат на реконструкција на екипата, а според последните информации од каталонските медиуми, офанзивниот играч на Борусија Дортмунд, Марко Ројс би сакал да се пресели на „Камп ноу“.
Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, е прва цел на Каталонците за освежување на нападот, но доколку Каталонците не успеат да пронајдат решение со „граѓаните“ ќе се свртат кон двојно поевтиниот Ројс.
Сити нема намера да се откаже од нивниот најдобар напаѓач, освен ако на нивната сметка не легнат 70 милиони евра. Сепак, Каталонците ги немаат тие пари, но би можеле да дојдат до нив со продажба на Фабрегас за 40 и Алексис Санчез за 25 милиони евра.
За разлика од Агуеро, Ројс би ја чинел Барселона само 35 милиони евра. Каталонскиот магазин „Спорт“ тврди дека Ројс дал потврден одговор на клубот и преостанува само договор со Борусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.