| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвезди на кои насмевката не им е јака страна (фото)

Некои од познатите холивудски ѕвезди, и покрај тоа што заработуваат милиони, навистина имаат ужасни заби. Многу од нив, од Мадона до Ванеса Паради, остро се противеа за тоа да го средат растојанието меѓу забите затоа што сметаат дека тоа им дава личен печат.

Викторија Бекам

Англичаните масовно имаат проблеми со забите, па ни Викторија Бекам не е имуна на тоа. На почетокот на кариерата таа  имаше многу неправи и неизедначени заби, но подоцна ги поправи. Но, и со несредени заби оваа модна дива изгледаше прекрасно.

viktorija-bekam

Морган Фримен

Познатиот  оскаровец и еден од најдобрите актери на сите времиња, Морган Фримен, никогаш не ги исправил своите неправилни заби. А  и зошто би го направил тоа, кога и со вакви постигна толкав професионален успех.

frimen

Мајк Тајсон

Поранешниот боксер и повремен актер, Мајк Тајсон, познат е како по својата тетоважа на лицето така и по малкуте заби. Поради спортот со кој се  занимаваше, Мајк неколку пати загуби заби,  кои потоа ги менуваше со златни, па  неговата насмевка сега изгледа вака.

tajson

Мадона

 Познатата  пејачка веќе неколку пати има  изјавено дека нема  намера да го средува растојанието меѓу нејзините заби затоа што и дава нешто посебно, а и не сака да се приклучи на трендот да ги избели своите природни заби.

madona

Венеса Паради

Поранешната невенчана сопруга на Џони Деп препознатлива е по симмпатичниот осмех кој го открива растојанието меѓу нејзините предни заби. Таа неколку пати изјави дека нема намера да ги средува, како и тоа дека не сака да оди на пластична операција, затоа што нема потреба од тоа бидејќи не работи за американскиот пазар.

paradi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top