Тела од 800 деца биле пронајдени во септичка јама на локација каде што некогаш имало Дом за немажени мајки и нивните деца во ирскиот град Туам.
Немажените мајки во Ирска биле праќани во домови, кои ги воделе католички калуѓерки, казнувајќи ги за несаканата бременост во вонбрачна заедница. Тоа го правеле за да ги „спасат“ нивните семејства од срамот.Локалната историчарка Кетрин Корлес пронашла записи за смрт на деца во установата која едноставно се нарекувала „дом“ и која работела од 1925 до 1961 година, кога била затворена и напуштена. Гробницата ја откриле група деца, кои забележале човечки остатоци низ пукнатиот бетон.
Септичката јама се наоѓа на местото каде што некогаш била главната зграда на Домот, во близина на игралиштето.
Мајките во Домот ги губеле правата над своите деца, кои по правило оделе на посвојување, често во семејства во САД. Жените во оваа установа биле принудени да работат без плата, две до три години за да им бидат простени гревовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.