| четврток, 6 декември 2018 |

Ова лето Дојран ќе добие нов лик

Dojran-Macedonia.jpg500

До  почетокот на летната туристичка сезона, Дојран ќе добие нов лик со реализирање на проектот за уредување на плажите.

Градската плажа, во должина од 500 метри, од новите содржини ќе добие главен сервисен пункт и два помошни шанка, три нови тоалети, нови лежалки, санитарни јазли и шест спортски терени за мал фудбал, тенис и за одбојка на плажа.

Проектот за уредување на плажите во Дојран чини 1,5 милион евра што ги обезбеди Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски.

Според градоначалникот Борче Стамов, тоа  е еден од поголемите реализирани проекти во овој туристички центар.

– Покрај Градската плажа, на која е ставен акцент, се уредува и плажата на влезот во Стар Дојран, во должина од 100 метри. Доколку сѐ оди според предвидената динамика, градежните работи е планирано да завршат до втората половина на јуни, така што се надеваме дека реализацијата на проектот ќе ги поттикне и приватните концесионери да ги подобрат условите за престој на туристите на нивните плажи – изјави Стамов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top