| четврток, 6 декември 2018 |

ФЗОМ: Нема лекови на рецепт за недефинирани болести

recept12

Лекарите мора да ја почитуваат листата на лекови која е подзаконски акт.

Ова укажување доаѓа од ФЗОМ, кој има сознанија дека има лекари што не го почитуваат режимот на пропишување на лекови, како и ограничувањата со терапевтски индикации.

До Фондот стигнале информации дека одредени лекови од листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ лекари ги даваат за болести што не се регистрирани, односно за индикации кои не се наведени во збирните извештаи за одредени лекови кои се во промет.

Како што стои во известувањето на ФЗОМ испратено до ЛКМ и ЗПЛРМ, доколку лекарот смета дека треба да пропише на рецепт лек за индикација која не е на позитивната листа, може да го издаде само на розов рецепт за комерцијално подигнување во аптеките на товар на пациентот. Должни се за тоа да ги информираат осигурениците.  За  ваквите неправилности Фондот најавува засилени теренски и вонтеренски контроли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top