Во близина на мостот на реката Шемница, синоќа бил прегазен 40-годишен маж.
Тој се движел по пругата, а машиновозачот што управувал со возот, кој се движел на релација Битола – Скопје, со сирена го предупредил човекот да се тргне.
Како што пренесува телевизија „Тера“, возот странично го удрил при што тој починал на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.