| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Подготвен сум на дијалог со Обама

Русија е подготвена за дијалог со САД бидејќи смета дека тоа е најдобриот пат за постигнување заемно разбирање, изјави претседателот Владимир Путин во интервју за францускиот ТВ канал „ТФ-1“ и за радиостаницата „Јуроп-1“.

U.S. President Barack Obama meets with Russian President Putin in Los Cabos

– Немам основа да верувам дека американскиот претседател не сака да разговара со претседателот на Русија, но на крајот на краиштата тоа е негов избор – посочи Путин.

– Секогаш сум подготвен за дијалог и сметам дека тоа е најдобриот начин за создавање мостови. Досега ние разговаравме само телефонски – дополни тој.

Истовремено, како што јави ИТАР-ТАСС, рускиот претседател истакна дека Вашингтон на надворешно-политичката сцена продолжува да дејствува на крајно агресивен начин.

– Практично, нема руски војници надвор од нашите граници, а американските војски се насекаде. Низ целиот свет има американски воени бази и тие насекаде учествуваат во решавањето на судбините на други народи, наоѓајќи се илјадници километри од својата сопствена граница – напомена Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top