И покрај тврдењата за раскинот на нивната врска, познатата двојка одлучи да се релаксира на плажа еден до друг.
Познатата пејачка Џенифер Лопез и нејзиниот помлад дечко одмораа на плажа. Иако американските медиуми неодамна објавија дека Каспер Смарт веќе двапати ја изневерил со модел транвестит, се чини дека Џеј Ло, сепак, не замерува на тоа и одлучиле да поминат квалитетно време заедно.
Во бело бикини нејзиниот познат задник беше во прв план, а Џенифер ги покажала и завидните стомачни мускули.
Се чини дека „полни батерии“ за својот прв настап во Бронкс, за кој рекла дека е многу возбудена бидејќи таму израснала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.