| четврток, 6 декември 2018 |

Силни детонации ноќеска во Ротердам – се запали петрохемиски комплекс на „Шел“

 shell roterdam

Силни детонации го потресоа ноќеска Ротердам – се запали петрохемиски комплекс на компанијата „Шел“. Надлежните служби соопштија дека нема исчезнати или повредени иако експлозијата се случила за време на смена на вработените.

Пожарот брзо загубил на интензитет, но причината за неговото избувнување засега не е позната.

Операцијата за отстранување на последиците од инцидентот е во последната фаза, соопшти претставник на противпожарната служба.

Експлозиите во фабриката довеле до ослободување на етилбензол, што може да предизвика силна дразба на очите и кожата, соопштија локалните власти. Тие на жителите им препорачаа да ги држат затворени прозорците од домовите и да не ги вклучуваат климатизерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top