Заврши аплицирањето за земјоделски субвенции, 6.450 земјоделци од Кавадарци и од Росоман поднесоа апликации за добивање субвенции за да обезбедат развој и поттикнување на своето производство, информира раководителот на подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумаство и водостопанство во Кавадарци, Зоран Шалев.
– Ова е речиси на истото ниво од ланската бројка за субвенции во овие две општини. Поднесувањето годинава се карактеризираше по тоа што барањата се поднесуваа и по електронски пат, што е овозможено по претходното регистрирање на земјоделците со сите податоци за земјиштето и сопственоста, нешто што нашата подрачна едница го направи благовремено меѓу првите во земјата – вели Шалев.
Тој нагласува дека единствениот регистар на земјоделските стопанства и регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни сега овозможува брзо и ефикасно евидентирање, проверка и други начини на комуникациија со сопственикот за каква било активност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството или друг законски субјект.
Шалев потсетува дека овоштарите и лозарите кои ќе подигаат нови насади имаат можност да аплицираат за поддршка од државата до крајот на овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Од денеска пријавувањето на новороденчиња во Скопје ќе се врши на едно место
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос