Локалните избори да се одржат на 7-ми април без барање за предвремени парламентарни избори – ова е новиот предлог на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, пренесува 24 Вести. Според нив на потег сега е премиерот Никола Груевски. Дали двете партии, конечно под притисок на меѓународниот фактор, ќе успеат да се договорат, ќе се знае деновиве. Откако еврокомесарот Штефан Филе им испрати писмо, и двајцата лидери се обидоа да покажат конструктивност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.