Кошаркарите на МЗТ Скопје ја освоија третата титула по ред, прва на која ѝ се радуваа во главниот град, а триумфот од 3-1 во победи против вечниот ривал Работнички им донесе многу радост на „металците“.
Вечерва со 88-79 МЗТ беше подобар од Работнички и стаса до хет-трик во шампионски прстени. Ѓорѓи Чековски со 21 поен беше најефикасен на мечот, што ја донесе новата титула во населбата Аеродром. Лучиќ уфрли 16 поени, а Дамјан Стојановски, кој е прогласен за најкорисен играч во финалето, постигна 13 поени.
Кај Работнички се истакнаа Икониќ со 17 поени и Колмен и Соколов со по 16. Тимот од Градски парк останува уверливо најтрофеен клуб кај нас со 14 титули, а во финалната серија покажа дека е на добар пат да се консолидира и да се врати на старите патеки на успехот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.