| четврток, 6 декември 2018 |

Британка тврди дека го видела малезискиот авион како гори

Британката Кетрин Ти тврди дека токму таа е последната личност која го видела исчезнатиот малезиски авион како гори.

malezija-avion-1

Кетрин за време на исчезнувањето на авионот крстарела со својата јахта во близина на водите на Индонезија.

-Видов како авионот свети во портокалова боја, а зад себе оставаше црн чад – го опишала Кетрин своето искуство. Таа додала и дека леталото се движело од север кон југ.

Госпоѓа Ти рекла дека на небото видела уште два авиони, но дека и било чудно што третиот лета многу ниско, па во прв момент помислила дека станува збор за метеор.

Кетрин својата приказна ја изнела и на форумот кој го моделира, а ја повторила и за тајландските медиуми. Вели дека се што знае кажала и во JACC, Центарот за координација во Перт, каде што се води потрагата по исчезнатиот авион. Од JACC потврдиле дека детално ќе прегледаат се што им предала.

-Забележав нешто како авион со пламен, а потоа си реков дека можеби сум луда. Вниманието ми го привлече портокаловата боја. Видов уште два авиони кои летаат во спротивен правец, но тие имаа вообичаени сигнални светла. Не сакав да кренам паника, ќе испаднев идиот доколку погрешев –  раскажува Ти.

Кетрин истакнала дека одлучила да ги раскаже овие информации во јавноста откако членови на нејзиниот форум и’ сугерирале дека можеби таа е последната личност која го видела авионот пред да исчезне.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top