| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Македонците се едни од најрелигиозните нации во регионот

Македонците се едни од најрелигиозните нации, а Словенците се на дното на листата во регионот покажа Галуповото истражување за важноста на религијата во животот на човекот.

index-625x396

Според анкета на Галуп интернешнал, религијата во светот покажува дека на Балканот најмалку се држат до верата во Словенија и во Црна Гора.

Во Словенија 52,5 отсто анкетирани тврдат дека религијата не им значи ништо во животот, а во Црна Гора таков одговор дале 48 отсто анкетирани. Таа цифра во Србија е 46,5 отсто.

Во Хрватска 30 отсто тврдат дека религијата нема значење за нив, во БиХ 29,5 отсто додека религијата без значење е и за 29,5 отсто од Грците.  Во Кипар не даваат значење на религијата 24,5 отсто, во Македонија 20,5 отсто и во Турција само 9,5 отсто.
Во светски рамки најмногу „неверници“ има во Шведска (83 отсто).

Заклучокот на Галуп е дека колку една држава е поразвиена, толку помало е значење за нејзините граѓани има религијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top