Се покачува надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории на Матичнaта служба.
На местото на досегашните 3.000 денари, ќе се плаќаат 3102 денари, за надоместокот кој се наплатуваше 3.300,00 денари, во иднина ќе се наплаќа 3.402 денари.
За надоместокот за викенди кој изнесуваше 6.600 денари сега ќе чини 6.804 денари, известуваат од Управата за водење на матичните книги.
Од таму за измената се повикуваат на Правилникот за начинот и висината на трошоците за склучување на брак надвор од службените простории, согласно официјално објавените податоци од Државниот завод за статистика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.