| четврток, 6 декември 2018 |

Кустурица ја оцени како удар врз демократијата намерата на Приштина да го прогласи за „персона-нон-грата“

Српскиот режисер Емир Кустурица изјави денеска дека намерата на Приштина да го прогласи за „персона-нон-грата“ заради проект за филм за трговија со човечки органи во Косово, е удар врз демократијата.

Emir Kusturica

Предлогот Кустурица да биде непожелен на Косово во април го даде претседатаелот на Сојузот на косовски филмови Лирак Челај.

Кустурица вели дека не ја измислил историјата за трговијата со органи и оти специјалниот претставник на СЕ, Дик Марти објави официјален извештај во кој обвини неколку поранешни команданти од Армијата за ослободување на Косово дека се одговорни за киднапирање и убиство на стотици цивили Срби, Роми и „нелојални“ Албанци кои биле носени во импровизирана болница во Албанија (т.н. жолта куќа) и таму им биле вадени органите за да се продадат на црниот пазар.

– Сепак, сметам дека Лирак е разумен човек и во иднина нема да дава такви изјави кои нанесуваат удар врз косовската демократија, вели Кустурица.

Тој појасни дека има намера да ја оствари идејата за филмот во следните три години и оти снимањето ќе биде во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top