Во штипската населба Сењак попладнево се случи пожар во гарсоњера во станбена зграда спроти спортската сала „Јордан Мијалков“.
Во пожарот нема повредени.
Чадот кој излегувал од станот го виделе соседите, кои веднаш се јавиле во противпожарната единица и на брзата помош. Огнот го зафатил креветот и постелнината, а очевидци велат дека станот бил спасен благодарение на брзата интервенција на пожарникарите.
Според првичните информации пожарот е предизвикан од полнач на мобилен телефон. Командирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиев апелира до сите граѓани да не ги оставаат вклучени овие апрати додека не се дома за да не дојде до пожар.
– Осум пожарникари учествувавме во акцијата, а за да не се направи поголема штета пожарот не го гасневме со вода, туку со противпожарни апарати, вели Патраклиев. Тој апелира граѓаните да внимаваат што им е вклучено во нивните домови, со цел да немаат штета, но и да нема опасност од поголеми катастрофи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.