Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар го најавуваат седмиот по ред мултимедијален спектакл „Види музика – слушни слика – добиј книга“, на 19 јуни со почеток во 21 часот, во Градски парк.
Како и секоја година, на концертот со оркестарот на Македонската филхармонија ќе се подарат 20.000 книги и на огромни платна со димензии 12 х 3 метри, ќе се проследи ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници.
Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе бидат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.