Концертот на српската музичка ѕвезда Аца Лукас, закажан за 13 јуни, се одложува за на есен. Организаторот Балкан Медија, вложи напори да не ги разочара македонските фанови на Лукас, но случувањата во моментов и неговиот густ распоред не се на нивна страна.
Имено Лукас периодов и покрај тоа што се потруди да одговори на закажаните концерти, поради обврски кон судот нема да може да одговори на оваа задача. Концертот не се откажува, само се одложува за октомври или ноември.
Влезниците купени за овој концерт ќе важат за следниот чиј датум наскоро ќе го соопштиме. Доколку сепак се одлучите да ги вратите влезниците, парите ќе ви бидат вратени на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.