| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Постапките на Заев со радост ги дочекуваат оние кои несакаат да ја видат земјата да напредува

nikola gruevski

Ќе повторам и потсетам дека СДСМ загуби со над 200 илјади гласа на овие избори и немаше ниту една формална жалба до ДИК за овие избори од причина што реално немаше материјал на кој би се жалеле. Најавуваа и некакви докази дека ќе приложеле во јавноста за наводни нерегуларности, но ниту докази, ниту снимки, ништо конкретно не видовме. Политиката на бојкот е продолжување на политиката на Црвенковски, тоа е старо и веќе видено, вели Груевски во интервјуто за МИА.

– Со таа тврдоглавост се прави штета врз угледот на државата, се прави штета врз работата на Собранието, но најголем губитник е самиот СДСМ кој наместо да се помири со размислувањето на граѓаните, тие решија да одат наспроти нивната волја. За тоа дали овие избори се регуларни и демократски не мора да ја слушнете мојата оценка, туку пред се оценката на ЕУ, САД и ОБСЕ/ОДИХР кој рекоа дека изборите се ефикасно спроведени.  Истиот СДСМ кога во 2004-та година победи Бранко на претседателските избори, иако ОБСЕ/ОДИХР излегоа со извештај во кој беа нотирани масовни полнења на гласачки кутии, замислете во извештај да ви пишува масовни полнења кутии на изборите, понатаму вооружени лица во близина на гласачки места, физички инциденти, непрочистен избирачки список, семејно гласање и ред други тешки пропусти и недостатиоци, нешто што на овие избори ништо од ова не се случи, тогаш СДСМ излезе и ги призна за фер овие избори. Тоа е двојниот стандард и аршин на СДСМ. А што се однесува до медиумите, паметам тогаш во тие времиња честопати имавме проблем да воопшто некоја тв камера ни дојде на оргнизирана прес-конференција, вели Груевски.

Тој додава:

Изгледа Заев се уште верува дека на тој начин ќе го сврти јавното мислење кон него, и во него ќе видат спасител кој ќе не врати на вистинскиот пат. Со тоа уште еднаш покажува колку многу го потценува капацитетот на граѓаните, што пак најмногу говори за него лично. Од друга страна, неговите постапки толку многу со радост ги дочекуваат оние кои несакаат да ја видат земјата да напредува, што понекогаш човек на се помислува. Но тоа е друга тема. Она што е важно е дека народот покажа витинска зрелост, вели Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top