| четврток, 6 декември 2018 |

Деновиве следува нов оглас со цел привлекување на најквалитетните кадри

груевски

Оставките кои пратениците на СДСМ ги поднесоа беа вон процедура и закон. Пак ќе кажам, немојте да помислувате дека тие тоа не го знаат. Но им стана навика да делуват со интриги. Се заплеткаа со оставките и сега незнаат како да се отплеткаат. Ние ќе треба да ги отплеткуваме. Со поднесените оставки Собранието нема да има друг избор освен на следната седница да ги верификува и да распише нови избори за ослободените 34 места во Парламентот. Таа седница не може да е подоцна од 18 ти или 19 ти јуни кога треба да е изборот на новата влада. Дотогаш имаат можност да ги повлечат, освен ако во меѓувреме претседателот на Парламентот не свика седница за други прашања и да го постави и оваа точка на дневен ред, вели Груевски за МИА.

Според премиерот, СДСМ прави голема грешка што верува дека ќе постигне успех со излегувањето од Парламентот.

– Од една страна имаат голем мерак еднаш да излезат од Парламентот, оти веруваат во успех на партијата на тој начин, иако опасно се лажат. ВМРО-ДПМНЕ во деведесеттите искуси една таква ситуација и колку што знам тогашното раководство на партијата самото потоа говореше дека тоа било грешка. Но, СДСМ го нема поминато тоа на свој грб и верува дека тоа ќе им донесе победа, а веројатно наивно веруваат дека токму тоа на ВМРО-ДПМНЕ му донесе победа во 1998 година. Таа победа на ВМРО резултираше во голема мерка од неработењето на СДСМ, немањето резултати во економијата, растечката невработеност, растечката корупција на СДСМ, криминалите со приватизацијата, со ТАТ и другите штедилници, шверцот во ембаргото против Милошевиќ, немањето ниту еден странски глобален ивеститор во земјата, бркањето на странските инвеститори како случајот со Ауди и редица други такви ситуации. Тој филм СДСМ во наредните 4 години нема да го гледа. На власт е многу различна гарнитура од онаа бранковата во 90 тите. Така што ако мислат дека со нивното отсуство од Парламентот јас ќе дозволам да се врати тоа време, силно се лажат. Напротив, ќе се соочат со влада која ќе работи со така силно темпо како да изборите се утре и како да во Парламентот имаме многу посилна опозиција од СДСМ, вели Груевски.

По 4 години верувам дека ќе имаме уште посилна поддршка од народот отколку на последните избори. Борбата против криминалот и корупцијата ќе биде немилосрдна, жестоко ќе се бориме да најдеме решение за многу нерешени прашања и тоа ден порано, ќе работиме уште повеќе отколку до сега, ветува премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА.

– Гледам со години зборат дека ќе формирале влада во сенка. Абер немаат. Ако вака продолжат со одолговлекување, незвисно дали ќе бидат надвор од Парламентот или внатре во него, ќе размислиме ние, ВМРО-ДПМНЕ да направиме влада во сенка што би било многу невообичаено, но со вакви опозиционери, можеби и тоа ќе биде потребно. Деновиве следува нов оглас за пројавување интерес со цел  привлекување на најдобрите и најквалитетни кадри од земјата и дијаспората, независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, кои ќе  треба да ги пополнат испрзнетите функционерски места или оние на кои им завршуваат мандатите до следната пролет. Ќе се засилиме со нова свежина со нови сили. Нема назад, само напред. Тоа е мојот план. Тој е многу поразличен од оној на СДСМ, вели Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top