| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца загинати при експлозија на гас во зграда во Италија

Две лица загинаа при силна експлозија, предизвикана од истекување гас, во станбена зграда во јужниот италијански град Фоџа.

eksploz

При експлозијата, во која е разурнат долниот дел на зградата, се повредени уште четири лица.

Жителите на зградата уште синоќа се пожалиле на силен мирис на гас и пријавиле во фирмата што градот го снабувала со енергенсот. Техничарите дошле на местото, направиле проверка, но не откриле ништо сомнително. Во текот на ноќта, меѓутоа, зградата била потресена од силна експлозија.

Проценката на штетите покажува дека четири стана се сериозно оштетени.

Загинатите се сопружници, а пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата успеале од разурнатиот стан да го извлечат нивното четиригодишно дете. Детето немало никакви повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top