| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во грчкиот телеком во Атина

oteРачно изработена експлозивна направа утринава била активирана во кабелска централа на грчкиот телеком ОТЕ во Атина, јавија локалните медиуми.

Во инцидентот нема повредени, а експлозијата предизвикала незначителна материјална штета.

Медиумите информираат дека немало претходно телефонско предупредување за експлозијата.

Полицијата ја истражува и верзијата за терористички акт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top