Министерот за надворешни работи и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, викендов прослави 30 години од матура, пишува „Блиц“.Според написот, се зборувало за животот и се пеело.
Одделението на Дачиќ во гимназијата „Стеван Сремац“, имало само шест момчиња. Три децении од матурата се славело во еден од нишките ресторани.
-Некои од школските другари и пријатели ги немав видено овие 30 години. Ској отишол на своја страна. Некои останале во професијата. Убаво е да ги видиш луѓето за кои те врзува еден убав период од животот. И падна договор да се гледаме почесто- рекол Дачиќ.
– За политиката не се зборуваше. Единствена тема ни беше животот. Секако и запеав со школските другари – додал Дачиќ. Од прославата тој си отишол во два часот по полноќ, бидејќи изутрината бил гостин на ТВ. Паднало кладење дека нема да може да се разбуди, а опкладата ја изгубиле оние кои мислеле дека не е ранобудник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.