Популарната пејачка Џенифер Лопез наводно е пред раскинување на врската со момчето Каспер Смарт затоа што овој се гледал со трассексуалецот Кристин Мари (44). Оваа информација е објавена една недела откако беше соопштено дека Каспер се гледа со уште еден трассексуалец – Софи Виса.
Врската само што не се распаднала, пишува американсиот сајт РадарОнлајн, повикувајќи се на извори блиски на пејачката со задник осигуран на милион долари.
– Ја посрамоти по којзнае кој пат, рекол изворот за РадарОнлајн.
Џенифер и Каспер се во врска речиси три години, а пејачката наводно во моментот е изолирана во својот стан во Њујорк каде што одлучува за својот следен потег и за тоа како најбезболно да се ослободи од момчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.