| четврток, 6 декември 2018 |

Градската плажа Парк се отвора на 4 јуни

gradskaplaza
Градската Плажа „Парк“, која се наоѓа на кејот на Вардар веднаш зад дискотеките во градскиот парк во Скопје, од 4-
ти овој месец ќе почне да работи со сосема нов концепт, но и со променет изглед.

– Долго време се работеше на плажата, на нејзината конструкција, но и на начинот на кој ќе функционира ова летно катче каде што скопјани ќе можат секојдневно да уживаат во спортско-рекреативни активности како и во различна музичка програм, велат за МИА од тимот кој стои зад Градска Плажа „Парк“.

Денска и ноќна шема, достапни цени за сечиј џеб како и музика од сите жанрови е она што плажата ќе им го понуди на граѓаните. Опуштен понеделник со реге музика, баскет во среда или пак хаус журка во сабота, изборот останува на посетителите. Свеченото отварање е на 4 јуни со почеток во 20:00, влезот е бесплатен, а за посетителите да бидат разиграни ќе се погрижат голем број бендови и диџеи од Македонија кои ќе направат забава до доцна во ноќта. За забава ќе се погрижат и уличните артисти, учесници на Баскерфест 2014 кои ќе го најават и  почетокот на Фестивалот во Скопје, кој е закажан за 6 јуни, а ќе трае се до 14 јуни.

Од менаџерскиот тим на плажата посочуваат дека е планирано еднаш месечно да се одржува по еден поголем настан со познати музички имиња од странство, а од понеделник до недела секојдневно се планирани различни тематски забави. Покрај тоа за сите рекреативци во паркот и на кејот на плажата постои место за продажба каде што ќе можат да се освежат и да одморат по рекреирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top