Вкупната проценета вредност на штетата за магистралните патишта е 16.911.000 евра, од кои интервентните изведби на магистралните патишта се 2.121.000 евра, а санацијата на свлечиштата на објектите е 14.790.000 евра.
Министерот за сообраќај и комуникации на Босна и Херцеговина, Енвер Биједиќ, изјави дека прелиминарната процена за штетата од поплавите на железниците и на патиштата во земјата е 27 милиони евра.
– Надлежните јавни претпријатија подготвија материјали кои се однесуваат на груба процена на штетата настаната во поплавите, според која вкупната проценета вредност на штетата за железницата, која вклучува градежни и електродејности, е 9.869.254 евра – рече Биједиќ.
Тој додаде дека вкупната проценета вредност на штетата за магистралните патишта е 16.911.000 евра, од кои интервентните изведби на магистралните патишта се 2.121.000 евра, а санацијата на свлечиштата на објектите е 14.790.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.