| четврток, 6 декември 2018 |

Две години затвор за актерот Сашо Огненовски

saso akter

Битолскиот  актер Сашо Огненовски е  осуден на две  години затвор за  кривично дело измама, пренесува  „Нова  Македонија“.

Со пресудата на Основниот суд, Огненовски е задолжен да им ги врати парите на оштетените вработени во Народниот театар,  кои ги  имаше  ангажирано како жиранти, а кои мораа наместо него, тие да ги враќаат  кредитите во банките.

Со пресудата на Основниот суд во  Битола е ослобoден од обвинение тогашниот директор на штедилницата „Фулм“ Васил Петровски.

Сашо  Огненовски во времето кога беше директор на Театарот  ги ангажирал  поголем број од вработените како жиранти за подигнување на кредити, кои тој ги подигнал на негово име, а  подоцна не ги враќаше, па мораа тие да ги враќаат.

Сашо Огненовски измамил поголем број вработени, кои подоцна го пријавија во битолската полиција и кај истражните органи.

Оштетените вработени  од Народниот театар  од страна на Судот се упатени на приватен спор да си ги бараат своите побарувања од Огненовски.

Сашо Огненовски не ја прими пресудата на Основниот суд Битола, бидејќи тој веќе неколку месеци се наоѓа  во  САД.

Извор: Шеталиште

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top