| четврток, 6 декември 2018 |

„Тепачка“ за песната на Јоце Панов за Макфест 2014

Вистинска „тепачка“ настанала за песната „Само не ќути“ на српскиот композитор и текстописец Бане Опачиќ, кој оваа песна ја направил за следно претставување на Србија на светски натпревар.

Целата борба за песната „Само не ќути“ се водела меѓу Марија Шерифовиќ и Тијана Богиќевиќ, а подоцна во војната се вклучил и нашиот пејач Јоце Панов, по што на крајот завршила со исход за Јоце, пренесува „Вистина.мк“.

Бане изразил големо задоволство кога слушнал дека песната ќе добие и македонска верзија со наслов „Само немој да молчиш“ со која пејачот Јоце Панов по цели 6 години пауза ќе запее на еден од најреномираните македонски фестивали – Макфест 2014.

Македонскиот текст за песната го направил Владо Јаневски, а пејачот Јоце Панов ќе настапи под реден број 01 во првата полуфинална вечер на Макфест 2014.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top