| четврток, 6 декември 2018 |

Русија во ОН ќе поднесе предлог-резолуција за прекин на насилството во Украина

Русија денеска во Советот за безбедност на ОН ќе поднесе предлог резолуција за Украина, со која се повикува на итен прекин на насилството и се предвидува воведување на хуманитарни коридори во источниот дел од земјата, соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

sovet za bezbednost on

Како што јави ИТАР-ТАСС, во текстот на резолуцијата ќе се инсистира на отпочнување преговори за „оддржлив прекин на огнот“ во Украина.

– Ние сме серизоно загрижени од тоа што се случува во Украина – потенцира шефот на руската дипломатија по средбата во Москва со неговиот мавритански колега Ахмед улд Тегеди.

Лавров посебно внимание посвети на тоа дека руската иницијатива намерно е „неисполитизирана“ и има за цел да се преземат мерки кои ќе овозможат олеснување на страдањата на цивилното население.

– Се надеваме дека хуманитарниот карактер на резолуцијата ќе биде правилно протолкуван и дека таа ќе биде ставена на разгледување – дополни тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top